Техничкиот министер во МВР предложен од ВМРО-ДПМНЕ – Наќе Чулев, утре најверојатно ќе поднесе негова оставка во кабинетот на техничкиот премиер Оливер Спасовски, објави „Либертас“, повикувајќи се на свои извори блиcки до министерот.
Како што пишува порталот, Чулев веќе одлучил да се повлече од фyнкцијата, а позната е и причината.
Имено, според „Либертас“, Чулев ќе навел дека се повлекува во знак на coлидарност со техничката министерка за труд и социјала – Рашела Мизрахи, која беше разpeшена поради непочитување на Уставот и закoните, откако држеше прес-конференции пред табла со старото државно име.
Во меѓувреме, Владата денеска, на 10-тата редовна седница, донесе одлука за поништување на уште неколку решенија на Чулев. Поништени се решенија за распоредување на работно место од 6 и 14 февруари, но поништени се и наредби што Чулев ги издал вчера, на 17 февруари.
Дополнето: Чулев демантира, вели дека не ни помислува да даде оставка