Чулев ќе бара кpивичнa одговорност за Спасовски: Плаќаме за дронови кои не се користат

Наќе Чулев, техничкиот министер за внатрешни работи, синоќа во емисијата „200“ на ТВ Алсат рече дека неодамнешниот случај во кој беше откриен еден килограм кoкaин во камион за превоз на банани во Крушопек во рамките на интернационална aкциja требало да биде следен со дрон, но не било возможно затоа што била укината единицата за беспилотни летала и тие биле приземјени.

– “Претходниот министер на две недели пред да ја напушти функцијата направи систематизација во која не предвидел дека треба да има единица за беспилотни летала. Со тоа, од македонско-албанската граница, наместо со дронови, камионот требаше да го следиме со физичко присуство,“ рече Чулев.

Со ова тој го обвини Оливер Спасовски, актуелниот технички премиер, како одговорен што во моментов македонската полиција технички не може да ги користи дроновите како свои помагала.

– “Таква единица постоеше во рамки на поранешната Управа за безбедност и контраразузнавање, но со нејзиното укинување и со новата систематизација од 18 декември не се создаде нова единица за овие леталици,“ додаде Чулев.

Тој во своето телевизиско гостување додаде дека МВР во 2018 склучил каско-договор со израелска компанија која требало да ги одржува овие беспилотни летала за сума од 1,94 милиони евра а сега таа услуга е делумно пропадната.

Актуелните полициски кадри, вели Чулев, ги немаат потребните дозволи и лиценци за нивно користење и дека тој не може вонредно да делува бидејќи ќе ги прекршел законите.

Државата за одржување на овие летала, според договорот плаќа близу два милиони долари. Дроновите се од типот Хермес 450, набавени од Израел и во државава се од 2011 година. Ги користеше поранешната УБК. Со новата систематизација сите припадници на единицата за управување со овие летала, кои се скапо обучувани, се распоредени на други задачи.

Извор Фокус

- Реклама -