Последните технолошки гаџети, името на креаторот насекаде по гардеробата или бесниот автомобил се лесно воочливи статусни симболи на денешното општество. Низ историјата, нештата што го означувале нивото на престиж редовно се менувале, а според нашите стандарди некои од нив се прилично бизарни. Сепак, тоа се нешта што во своето време биле недостижни освен за мала група луѓе, па со тоа и високо ценети.
ДРУШТВЕНИ ИГРИ
Да имате време да седите и да играте друштвени игри, значи дека сте доволно богати и не морате да го поминете животот напорно работејќи во поле. Оттаму, друштвените игри се користеле и како дипломатски подароци меѓу владетелите, а многу од нив биле направени од скапи материјали, и тоа со многу детали.
ЦРНИ ЗАБИ
Феноменот на црните заби е мошне интересен, пред се затоа што се појавува два пати во историјата. Почнал во Јапонија како метод на превенција од кариес, преку боење на забите со темен лак, на што се гледало како на знак на убавина и полнолетство. Втор пат се појавил по „Едо“ периодот, а бил резервиран за племството и аристократијата.
ДОЛГИ ШПИЦЕСТИ ЧЕВЛИ
Шпицестите чевли беа хит пред неколку години, но дури и најлудите модели се гола вода во споредба со оние од 15-от век во Европа. Врвовите на чевлите биле толку долги што понекогаш навистина пречеле. Усвоени биле закони кои диктирале различна должина за разните друштвени класи: селаните можеле да носат врвови не подолги од 15 сантиметри, додека племството носело чевли чии врвови достигнувале и до 60 сантиметри.
АНАНАС
Да имате ананас во Европа, каде што ананасот дефинитивно не вирее, значело дека сте доволно богати да можете платите/увезете роба од далечни земји. Кога зборуваме конкретно за ананасот, луѓето што го имале не го јаделе, туку го чувале овошјето за да го прикажуваат на забавите пред своите пријатели. Тоа го правеле се додека овошјето не почнало да скапува. Како и денес, и тогаш имало трговци кои го помагале снобизмот – така, ако не сте биле доволно богати за да купите ананас, можело да го изнајмите.
ШЕЌЕР
Како и ананасот, и шеќерот станал симбол дека оној што го поседува е во позиција да купува увезени слатки. За да го покажат своето богатство, луѓето почнале да создаваат шеќерни скулптури кои наводно биле инспирирани од „суптилност“, а всушност и немале баш некакво значење или форма (како на пример шеќерниве фигури на сликата). Десертите со тон шеќер (пуслици) се измислени баш во тие времиња.
РУШЕВИНИ
Рушевините обично ги доживуваме како таинствени и романтични, но исто така се и доказ за одреден континуитет од минатото. Богатите во 18-от и 19-от век имале свои лажни рушевини изградени на своите имоти, со цел да прикажат дека имаат кралска крв т.е. потекнуваат од семејства со долга историја во високата класа. Интересно, овие градби биле познати како „глупости“, иако самиот поим имал поинакво значење.
МИСТИЧНИ МУДРЕЦИ
Сите тие лажни рушевини и средновековна естетика не би биле потполни без присуството на мудар, мистичен старец. Во 18-от век, аристократите вработувале луѓе како лажни испосници, се со цел да си придодадат важност, но и атмосфера во нивните градини. Овие испосници обично добивале соби, храна и пари. Се смета дека оттаму потекнува обичајот да се поставуваат мали џуџиња (гноми) во дворовите и градините.
РЕНТГЕН ЗРАЦИ
Кога за прв пат се појавиле рентгенските зраци, се сметале за висока технологија и биле особено скапа процедура. Па така станале и модерни. Луѓето правеле рентген снимки само заради забава и шоу, често пред публика. Се разбира, сето ова се случувало пред некој да биде озрачен со радијација.