Мистериозна, бизарна и колоритна глетка ги занеме гледачите под костариканското небо. Очевидци се јавија од повеќе градови, меѓу кои Сан Хозе, Парита, Павас, Есказу и Хатило.
Не, пак не е крајот на светот. Пак не е ни второто доаѓање на Исус, пак не е ни вонземјанска инвазија. Пак е природен феномен. Восхитувачкото прелевање на боите на небото е резултат на рефлексијата на сончевите зраци од капките вода и ледени кристали во облаците т.е. истата онаа багра што во последно време станува сé покреативна и сé поредовно ги воодушевува (или ги плаши, кој како) Земјаните со вакви слични небесни спектакли.
…И сé ќе беше така едноставно ако настанот не се случеше на Денот на независноста на Костарика.