Чудни нешта што можеш да ги видиш само на камера

Со модернизацијата на камерите и нивната способност да сликаат сé побрзо и побрзо („снимањето“ е всушност брзо сликање, нели), ние луѓето откривме некои чудни појави што претходно не ги знаевме.

На пример, дека хеликоптерите можат да лебдат:

Дека и птиците можат да лебдат:

Дека тркалата не мора да се вртат за колите да се движат (или можат да се вртат во сосема спротивна насока):

Дека пропелерите на авионите ни самите не знаат што прават:

Ако досега не сте запознаени со ефектот и не внимававте на насловите на видеата, се вика „rolling shutter effect“. Директно зависи од frame rate-от на камерата. Тоа е брзината со која камерата слика, и колку за пример, може да варира од стоти дел од секунда, до 4000-ти дел од секунда. Освен бројот на фрејмови во една секунда, другиот клучен аспект за појавата на овој ефект е начинот на кој снимаат камерите: Не го осветлуваат целиот фрејм одеднаш, туку практично го скенираат од горе кон доле, една хоризонтална линија од пиксели по друга, налик на листот кога го скенира фотокопирот. Затоа и се вика „rolling shutter“, бидејќи изгледа како одмотување на ролна.

Токму кога брзината на камерата ќе се синхронизира или е слична со брзината на ротација (или мафтање на крилата) на објектот што го набљудуваме, се јавуваат овие чудни ефекти и дисторзии.

Еве уште пар примери:

https://youtu.be/HmgkZ8dCYIs

Еве и подетално објаснување, од познатaта YouTubе серија

- Реклама -