Чудни и нелогични секс закони ширум светот

Од држава до држава постојат разлики во нивниот пристап кон сексот, што пак се манифестира во нивните правни регулативи. Додуша, разлики постојат и од град до град. Следуваат некои од најчудните секс закони кои можат да ве сместат во затвор зависно од земјата во која се наоѓате и од тоа колку сте биле немирни во авантурите.

ЛОНДОН
Забрането е да имате секс на паркиран мотоцикл. Од друга страна, колку и да е опасно или тешко, според законот, можете слободно да се сексате на мотор во движење.

АЛАБАМА
Секс играчките се комплетно илегални во оваа држава, за разлика од соседната Аризона, каде што се дозволени дури две.

БЕЈКЕРСФИЛД, КАЛИФОРНИЈА
Колку и да е неодолив самиот тој лично, овде НЕ СМЕЕТЕ да имате секс со Сатаната… освен ако не носите кондом?! Така, ако лесно потпаѓате под искушенија, носете си заштита.

ИНДИЈАНА
Овде законот забранува орален секс. Ако веќе морате, гледајте прво да ја поминете границата… или да не ве фатат.

КИНА
На жените не им е дозволено да шетаат голи низ хотелската соба… Што патем ја уништува целата поента на хотелите за многу од луѓето. Барем утешно е што смеат да се голи во бањата. Замислете колку проблеми би имале ако не беа Кинезите така попустливи.

МИНЕСОТА
Забрането е да имате секс со жива риба. Ако најдете мртва риба, пак… Оставаме на вас.

ХАЛЕТОРП, МЕРИЛЕНД
Не е дозволено да се бакнувате подолго од една минута во јавност, па погрижете се да не ја заборавите штоперката. Во Ајдахо има слична забрана, додуша многу поблага – 18 минути. И онака по толку долго бакнување страста сигурно ќе напредува и ќе завршите некаде далеку од очите на јавноста.

ХОНГКОНГ
На жената и е дозволено да го убие сопругот ако ја изневери, под услов да се послужи единствено со голи раце, а не и со оружје. Тоа и не е така битна околност, бидејќи општо познато е дека на лута жена не и треба оружје, зар не?

ЏОРЏИЈА
Секс пред брак е големо НЕ според законите на оваа држава. Ако тоа ви е планот, барајте си друга викенд дестинација.

ВИСКОНСИН
Мажите не смеат да пукаат со пиштол во моментот додека нивната партнерка доживува кулминација во сексот. Можеме само да замислиме што придонело за ваков закон. Еротично, нема што.

БИРМИНГЕМ
Забрането е маж и жена да се фатат за работа на скали пред влезот на некоја од црквите, откако сонцето ќе зајде.

ТАЈЛАНД
Казната за мажот што ќе има секс со кучка (женско куче) е повисока ако кучката е попалена. Ерм… ШТО?!

МИНЕСОТА
Не смеете да спиете голи. Па дури и после сексот, кога задоволството ве бутка во сон, задолжително прво облечете пижами или ноќница.

КЕНТАКИ
Овде одат чекор подалеку. Не само што има сексуални закони за луѓето, туку и за животните. На пример, на кучињата им е забрането сексуално да малтретираат луѓе. Па, ако ви здосади кучето на соседот да ви се качува по ногата, Кентаки му е мајката (ваљда).

- Реклама -