Нашата планета е полна со многу прекрасни географски и гоелошки аномалии и мистерии. Толку многу што можеби никогаш нема да можеме да ги откриеме сите тајни на природата. Ова се некои од најчудните факти поврзани со географијата, геологијата и Земјата.
Нашата планета е полна со многу прекрасни географски и гоелошки аномалии и мистерии. Толку многу што можеби никогаш нема да можеме да ги откриеме сите тајни на природата. Ова се некои од најчудните факти поврзани со географијата, геологијата и Земјата.
1. Најкусиот топоним во светот е “Å” кој можете да го сретнете и во Шведска и во Норвешка. На скандинавските јазици “Å” значи „река“. На фотографијата се гледа сообраќајниот знак, кој често е цел на крадци поради неговата уникатност.
2. Лесото, Ватикан и Сан Марино се единствените земји кои се опколени од само една земја. Лесото е опкружен од Јужноафриканската Република а Ватикан и Сан Марино се опколени од Италија.
3. Алјаска е најсеверната, најзападната и најисточната американска држава. Таа е единствената која навлегува во Источната Хемисфера, со што автоматски станува најзападна И најисточна држава.
4. Вториот најдолг топоним во светот е “Taumatawhakatangihangak oauauotamateaturipukaka pikimaungahoronukupokaiwhe nua kitanatahu” (85 букви) и е рид во Нов Зеланд. Името е всушност фраза од јазикот на Маорите која во превод значи: „место каде Таматеа, човекот со големи колена, кој се лизна, искачи и голтна планини, познат како јадач на земји, свиреше на неговата флејта за неговата љубена.“ Ова беше најдолгото име до неодамна (иако според Гинисовата Книга на Рекорди сè уште е најдолгото); сега најверојатно е заменето од “Krung thep maha nakorn amorn ratana kosinmahintar ayutthay amaha dilok phop noppa ratrajathani burirom udom rajaniwesmahasat harn amorn phimarn avatarn sathit sakkattiya visanukamprasit” во Тајланд (163 букви).
5. Ватикан е најмалата земја во светот со површина од 0,44 километри квадратни, и е помала од просечен град. Најголемата земја, како што сите знаат, е Русија.
6. Најголемиот град во светот, според површината е Хулунбуир во Внатрешна Монголија кој има површина од 263953 километри квадратни.
7. Највисоката температура измерена на планетата е 57,77 степени целзиусови во Ел Азиза во Либија, најниската е -92,22 степени целзиусови и е измерена во Восток, Антарктик. Највисоката просечна температура е измерена во западна Австралија и изнесува 36,5 степени целзиусови.
8. Сан Марино (на фотографијата) најверојатно е најстарата уставна република во светот – основана во 301 година од новата ера од Христијански ѕидар кој бегал од режимот на императорот Диоклецијан. Нејзиниот устав од 1600 е најстариот пишан устав во светот.
9. Иако врвот на Монт Еверест е највисоката точка мерена од површината на морето, Планината Чимборазо е најблиску до месечината. Маријанскиот подморски ров е најниската точка на планетата.
10. Најдлабоката дупка направена од човек е Супердлабоката Дупка Кола, во Русија. Таа достигнала длабочина од 12261 метар. Дупката била направена за потребите на научно истражување, и донела неколку неочекувани откритија, како големите резерви на водород – толку големи што калта која излегувала од дупката „вриела“ поради меурите водород.
11. Средноатлантскиот Срт е најдолгиот планински венец во светот со должина од 40000 километри. Сртот се наоѓа во средината на Атлантикот. Исланд е единствениот дел кој се наоѓа над површината на водата. Андите се најдолгиот планински венец кој е на суво со должина од 7000 километри.
12. Глечерите содржат помеѓу 70 и 80 проценти од слатката вода на планетава. 99 проценти од глечерите се наоѓаат на Арктикот и Антарктикот.
13. Во 1811 и 1812, три земјотреси од по 8 степени на рихтеровата скала, го смениле текот на реката Мисисипи (водата почнала да се движи кон север наместо кон југ). Овие земјотреси исто така го создале езерото Рилфут во Тенеси.
14. Llanfairpwllgwyngyllgogerychwyrndrobwyll llantysiliogogogoch е најдолгото име на село во светот (и трет најдолг топоним). Селото се наоѓа во Велс, и да, има четири букви “l” по ред!
{youtube}JNN3Cpnur1k{/youtube}