„Чудесна Терапија“ во Драмски Театар Скопје

Во четврток на 6-ти јуни во Драмскиот Тетатар во Скопје во 20:00 часот, ќе биде изведена претставата „Чудесна Терапија“. Улогите во претставата ги толкуваат Соња Стамболџиоска, Маја Вељковиќ Пановска и Предраг Павловски.

„Големината на една интимна врска меѓу двајца, се мери преку одговорот на прашањето: Дали успева да постои и надвор од љубовта? Животот е генератор на пречки кои ја носат врската во неочекувани насоки и проблеми. Начинот на кој се справуваме со нив, може да ја зацврсне, а може и потполно да ја уништи. Во ваквите моменти, комуникацијата е единственото ненасилно и ефикасно оружје што го поседуваме. Комуникацијата е универзална способност на секој човек.  Но, дали знаеме вистински да комуницираме? Се чини едноставно, но во врска, сакале или не, се’ станува комплицирано. Понекогаш и до бескрај. Разговорот знае да прерасне во кавга, кавгата во конфликт, а конфликтот во војна. А проблемот, наместо да биде решен, да роди нов, поголем проблем. Зошто е важно да разговараме? Како да разговараме за вистински да ни помогне?Оваа претстава се занимава со потребата од чиста и искрена комуникација како предуслов за една среќна врска. При тоа, безусловно е свесна дека во комуникациската еволуција, човештвото има уште многу етапи што треба да ги совлада“, се вели во рецензијата за претставата.

- Реклама -