Магдоносот е еден од најкористените зачини во светот. Речиси да не можеме ниту да си ја замислиме домашната супа без неговото присуство. Но, има и причина за ова. Неверојатната билка има сјаен вкус, како и бројни лековити и благотворни својства. Доколку сакате за краток период да изгубите и до неколку килограми, се препорачува сок од магдонос, а за неговата подготовка ви се потребни следните состојки:
– 1 гранче свеж непрскан магдонос
– 1 органски лимон
– 1 шолја вода
Подготовка:
Исцедете го лимонот и ставете го вo соковник. Помешајте го заедно со магдоносот кој претходно добро ќе го исецкате и ќе го помешате со вода.
Добиениот сок пијте го наутро на празен стомак. Повторувајте ја постапката во наредните 5 дена, а потоа правете пауза од 10 дена.