Чуден производ – Лампиони за брада

Ако мислите дека божиќната декорација е само за елката, веќе постојат и божиќни украси за машката брада.

Брадата се повеќе се наметнува како моден тренд меѓу мажите, а при онлајн анкета 82% од жените одговориле дека посилниот пол изгледа многу повеќе мажествено со брада .

23EF9EF900000578-2868265-image-m-14_1418208441956

Лондонска рекламна агенција со цел да ја зајакне предпразничната треска претсави лампиони во различни бои, кои се ставаат на брадата на мажите, пишува весникот “Мирор”.

Еден сет од овие уникатни орнаменти чини 5 фунти, а компанијата тврди дека продажбата е висока, не само на Островот, туку дури и во Австралија.

3107334365_14f27bce88_o

„Производот е исклучително популарен меѓу Британците. Продадовме повеќе отколку што очекувавме. Имаме клиенти од Австралија, Америка, Германија, Франција, дури и од Нов Зеланд”, рече Оли Дин, вработен во компанијата која ги нуди божиќните украси за брада.

beard-ornaments-4-1418234940

Секое пакетче содржи 14 разнобојни топки – 10 големи и 4 мали.

„Секоја година го правиме честитка за Божиќ, која им ја испраќаме на нашите клиенти. Оваа година решивме кон честитката да има и мал забавен подарок”, раскажува Оли за идејата која стои зад божиќната декорација за брада. Овој украс може да биде купен и онлајн.

- Реклама -