НАСА е фан на лесни и подвижни нешта, а оваа замисла за идниот ровер е само потврда за креативноста и напредокот на најмоќната вселенска агенција.
Super Ball Bot е направен само од неколку „стапчиња“ и пружини. Нема тркала, нема товар, нема волумен. Само агилност. Дизајниран е да се движи по сатурновата месечина – Титан, а тежи само неколку килограми. Целта на ваквиот концепт е роботот да може непречено да се движи по било каков терен, но и да се протне низ тесен простор и да достигне до недостапни предели. Не му е потребно ниту гориво, ниту ветер, а не му е потребен ниту падобран за да се спушти на површината на планетата. Иако е сеуште во фаза на прототип, може да издржи пад од висина од 100 километри (на Сатурн) без да биде оштетен. А штом слета, пружините и префрлањето на тежиштето ќе се погрижат Super Ball без престан да танцува наоколу.