Исто како што YouTube ја воведе опцијата „Copy video URL at current time” за полесно споделување на конкретни секвенци од видеата со подолго времетраење, така и Chrome планира да воведе опција „Scroll to Text“, со која ќе можете да споделите одредена стартна позиција од поголем текст.
И начинот на работа на функцијата е во принцип ист – со додавање на таг што ја означува почетната позиција во самото URL. При текстуалните содржини во Chrome, означувањето ќе се врши со додавање на командата „#targetText“. На пример, ако сакате како почетна точка во одреден текст да го означите зборот „computer“, тогаш линкот ќе треба да содржи „#targetText=computer“.
Во финалната верзија се очекува ова да биде овозможено преку користење на курсорот и десен клик. Новата опција ќе се најде вo Chrome Canary (рана фаза на тестирање) за неколку недели, а таквиот чекор веројатно ќе го следат и конкурентните пребарувачи.