На 11 ноември во Младински културен центар во склоп на Skopje Drum Festival 2024, ќе настапи Christin Neddens.
Neddens е динамична и жанровски разновидна тапанарка која го усовршила својот занает преку студирање на jazz, fusion и RnB во Европа и Лос Анџелес. Моментално живее во Хамбург, Германија, каде што успешно работи како freelance тапанарка, композиторка, авторка и едукаторка, настапувајќи на интернационално ниво.
Нејзините настапи се одликуваат со енергичност и техничка прецизност, што ѝ овозможува да го покрие целиот спектар на музички стилови.Како дел од своите бројни соработки, Neddens има работено со џез легенди како Nils Landgren и NDR Radio Big Band, но и со икони како Helge Schneider.
Christin има настапувано на некои од најпрестижните светски музички фестивали, вклучувајќи ги Big Band Festival Imatra (Финска), Jazzfestival Grahamstown (Јужна Африка), Port Townsend Jazz Festival (САД) и Colours Festival Lomé (Того), како и на познатите германски фестивали Hamburg’s Elbjazz & Überjazz Festivals, Jazz Baltica и Leverkusener Jazztage.
Нејзината светска турнеја неодамна ја однесе во Блискиот Исток, Индија и Кина, каде што ја сподели својата музичка креативност и виртуозност.
Покрај настапите, Christin редовно издава нова музика, едукативни материјали и програми за усовршување на иструментот тапани. Таа е активна на социјалните медиуми, каде што го пренесува своето знаење со глобалната публика, а истовремено е горд поддржувач на врвни музички брендови како Tama Drums, Meinl Cymbals, Meinl Percussion, Hörluchs In-Ears и Beyerdynamic Microphones.Нејзиниот настап е вистинско уживање за гледање.
Учеството на Christin е овозможено благодарение на поддршката од German Embassy Skopje и брендот Meinl Cymbals.