Човештвото успеа вертикално да приземји ракета

Американската вселенска компанија SpaceX успеа да приземји вертикално вселенска ракета.

Беспилотниот Falcon 9 бележи историско достигнување во областа на приватните вселенски иницијативи и за прв пат ќе може да служи за повторна употреба. Со неа беа изведени во орбитата 11 комуникациски сателити.

Ракетата беше истрелана од космодромот во Кејп Канаверал, Флорида, во 20.29 часот по локално време, се издигна на височина од 200 километри и слета контролирано 10 минути подоцна со кружно движење. Настанот беше пренесуван во живо и предизвика бран од коментари на социјалните мрежи.

618x347

“Добредојде, душо”, напиша на Twitter сопственикот на SpaceX Елон Маск, hi-tech милијардер од Силиконската долина.

Претходниот обид на SpaceX во јули заврши со неуспех – тогаш ракетата Falcon 9 експлодира 2 минути по лансирањето од локалитетот во Атлантскиот Океан и покрај бројните тестови кои ги беше поминала. Таа мораше да достави капсула Dragon со храна, облека и опрема за Меѓународната вселенска станица. Falcon 9 беше подобрена и сега тоа даде резултат.

Во 2013-та SpaceX истрела сателит, што е исклучително достигнување резервирано до овој момент само за државно субвенционирани владини програми, а во 2014 г успешно тестираше ракетни мотори еднократно, што би ја намалило значително цената на еден лет во вселената.

 

- Реклама -