Човековиот мозок може да живее најмалку 200 години

Американските научници тврдат дека човечкиот мозок може да живее барем 200 години. Проблемот е дека телото не може да се приспособи кон толку долгото „патување” и да обезбеди работа на мозокот.

Се сметаше  дека мозокот престанува да функционира со времето,се губат  потребните хранливи материи, па исто така се губи  и работата што ја врши. Но, сега истражувачите веруваат дека можноста мозокот да живее во текот на 200 години, е исклучително реална.

За да се продолжи животот на мозокот, научниците сакаат  вештачки да создадат човечко тело.

Денес има бионични протези кои се „командувани” од мозокот. Со текот на времето овие протези ќе можат да ги заменат не само човечките екстремитети, па дури и органи во телото.

Прочитајте и:  Три најздрави намирници за мозокот, според лекарите

Веќе има раствори кои ја заменуваат крвта и се способни да обезбедуваат кислород и хранливи материи за вештачкото тело и мозок. Слични методи се докажани и применливи во модерната медицина.

Истражувачите веруваат дека на тој начин мозокот може да се снабди со потребните хранливи материи.

- Реклама -