Човекот што во сите филмови глумеше рака

thing-addams-family[1]

И покрај неговата огромна популарност, сосема очекувано е името Кристофер Харт да не ви значи ништо. Не само што тоа да глумиш исклучиво фиктивен карактер чиј лик го сокрива лицето на актерот по дифолт ти го отежнува патот до славата, туку анонимноста на Харт му е гарантирана – во сите филмови во кои се има појавено, тој е само рака. Океј, не САМО рака, туку манијакална и откачена рака која шета наоколу и прави сé што прави исклучиво по своја волја, без сопственик и без тело.

Оригиналната професија на Харт (до ден денес) е магионичар. Тоа можеби и е клучот што тој може така експресивно да глуми, а единствено со својата дланка – како што и самиот ќе потврди, магионичарските трикови се супер тренинг за вештините со раце. И така, во една така симплистичка, а страшно комплексна улога – да се биде рака, Харт успеа да внесе неповторлива енергија и денес да го знаеме претежно како „Нештото“ (Thing) од филмовите со семејството Адамс. По оваа улога, Харт стигнува до точката од која нема враќање -станува засекогаш познат како човекот-рака.

Тоа ќе го искористи во различни степени и во продолжение на кариерата: Quicksilver Highway, One Hand, Left, епизодата во Angel под наслов (кој би рекол) „The Hands“, и комедија-хоророт Idle Hands? Сé е тоа Кристофер Харт. Во сите овие улоги не може да се избегне чувството дека се пишувани специјално за него – за раката. А тогаш, во 1999-тата, сé тоа ќе престане. Харт ќе ѝ се врати на магијата, оставајќи ја зад себе можеби најпромашената, во смисла – најнезабележаната, кариера во актерската историја.

А за навистина да ја цените , како што е редот, ѕирнете го видеото:

https://youtu.be/m9HMK5GqYhM

- Реклама -