Најбогатиот човек во Турција – Murat Ülker, кој е сопственик на чоколадните производи Godiva и бисквитите McVitie, изјави дека се сретнал со шефовите на пет банки, за да ги рефинансира долговите на компанијата Yildiz Holding AS во висина од 7 милијарди долари.
Истанбулската “Јилдиз” во февруари го побара најголемиот заем во историјата на банкарскиот систем во Турција, откривајќи дека се соочуваат со тешкотии во отплатата на долговите.
Во писмото до 10 банки од 29-ти јануари, Мурат Јилкер сака да формира конзорциум за да ги консолидира кредитите на неговата компанија (која веројатно ја знаете по куп производи, меѓу кои и чоколатцава)
Јилкер денес е рангиран на првото место меѓу најбогатите луѓе во Турција, со богатство кое се проценува на 4.8 милијарди долари. Податоците на Forbes сугерираат дека само во една година го зголемил неговото богатство за 1.1 милијарда долари.
Јилдиз Холдинг има годишен обрт од околу 12 милијарди долари, а во компанијата се вработени над 60.000 луѓе ширум светот.
Во писмото до банките Јилкер вели дека дневно мора да плаќа помеѓу 10 и 30 милиони долари, а месечно – помеѓу 500 и 600 милиони долари, за да ги покрие краткорочните обврски на компанијата.