Што има во кутијата?
Многу луѓе скришно ги чуваат спомените на нивните претходни врски.
Со години ги чував кино билетите од првиот филм на кој отидов со бившата. (Искрено, во еден момент заборавив дека ги имам.)
Некои луѓе ги чуваат старите веренички прстени, иако не знам зошто едноставно не ги однесат на златар, што кафани лежат у нив.
Но, Адријан Пирс од Едмонтон ги надмина сите нивоа на сентименталност, типот е ХАРД КОР.
Овој шеесетичетиригодишник се` уште го чува подарокот од поранешната девојка што го добил пред 47 години, и се` уште не го отворил. Како што вели за Канадиан прес, девојката Вики го оставила кога имал 17 години, а истиот ден му го дала прошталниот подарок.
„Се враќав дома, вознемирен и лут, класично за кога ќе те остави саканиот (саканата)“, вели Пирс, на кој Вики воедно му беше и „прва“.
„Онака напнат, го фрлив подарокот под елката. Кога дојде време да ги отвараме подароците, остана само еден пакет. Им реков на моите дека е од Вики, и дека никогаш нема да го отворам“.
Речиси половина век подоцна, Пирс си останува на зборот. Тој се` уште го нема отворено подарокот. Во текот на годините, неколку пати се сретнува со Вики, ама онака, ништо посебно. Сепак, и понатаму пред секој Божиќ тој го остава нејзиниот неотворен подарок под елката, нормално, постапка од која на жена на му и’ се стемнува, и сериозно ја иритира.
Секоја година околу Божиќ тој го мерка подарокот онака осамен, а потоа го трга. (Мислиме дека и самиот Пирс веќе верува дека оваа мистерија за жена му почнува да станува интересна.)
Оваа година тој сакал да контактира со Вики телефонски, но го немал нејзиниот вистински број.
„Ми се прави мерак понекогаш да го земам подарокот во раце и да го гледам така затворен, и ептен се чувствувам задоволно кога нема да го отворам“.
Сепак, тој сериозно размислува да го отвори за педесетгодишнината.
Би можел да организира „натпреварување“ , луѓето да се обложуваат околу тоа што има во пакетот, а парите да одат во добротворни цели. Тој, исто така, се надева дека ќе ја пронајде Вики и заедно да ја прослават годишнината.
А надежта веројатно последна умира.
Пишете во коментар, што мислите дека има внатре. Само немојте да бидете многу брутални… Знам што ви се мота низ глава 🙂