Под влијание на човековата активност климатските промени се одвиваат 170 пати побрзо отколку по природен пат, се тврди во новата студија спроведена од Australian National University. Во научниот труд е претставена и равенка што го мери ефектот на луѓето врз планетата.
„Во последните 7.000 години, основните фактори за климатските промени беа од астрономска природа – промени во нивото на сончевиот интензитет, деликатните промени во некои од параметрите на планетарните орбити, како и неколку нови вулкани“, пишува во соопштението на Вил Стефен од ANU.
Сепак, додава тој, во последните 45 години стакленичките гасови кои – се производ на човековата активност, доведоа до зголемување на стапката на затоплување на планетата до 1.7 степени по век, што прави „природното темпо да изгледа бавно“.
„Не тврдиме дека астрономските фактори се исчезнати, но нивното влијание преку толку краток временски период е незначително мало во споредба со нашето сопствено влијание“, прецизира Стефен.
Публикацијата доаѓа во време на изразена загриженост во научните кругови, која се должи на скептицизмот и недовербата што Доналд Трамп ги демонстрираше во минатото по однос на опрашањето за климатските промени.
Како што потсетува CNBC, во 2012-та година, сегашниот претседател на САД напиша на Твитер дека идејата за глобалното затоплување е „создадена од Кинезите“, со цел да се намали конкурентноста на американските производители.