Човек излажал дека е киднапиран поради долгови

Жителот на с. Жеровјане, Боговиње, кој беше пријавен како исчезнат (пишувавме тука), односно киднапиран, пронајден е жив во Гостивар.

Тој е повикан во тетовската полиција да даде изјава, по што е констатирано дека 52-годишниот А.А. од Жеровјане измислил дека е грабнат поради тоа што се соочувал со финансиски проблеми, потврдуваат од МВР.

Исчезнувањето на А.А. било пријавено во Полициска станица Жеровјане на осми овој месец во 15 часот. Потоа на телефонот на зетот на А.А., Н.Б. (33) од тетовското село Боговиње му пристигнале смс пораки дека исчезнатиот со неговото возило бил задржан од непознати лица и оти ќе биде пуштен откако ќе се даде одредена сума на пари. Н.Б. вчера околу 18 часот во Полициската станица Тетово го пријавил случајот како грабнување.

- Реклама -