Доколку се чуствувавте мрзеливо уште пред да ја прочитате оваа статија, подгответе се да се почувствувате лошо. 26-годишниот Чен Жу се има искачено на петте најпрестижни планински врвови во Кина. И како ова достигнување да не е самото по себе големо, фасцинантно е тоа што овој успех Жу го постигнал и покрај фактот што нема нозе.
Тој успеал да го премине 2.080 метри долгиот планински пат, и да искачи падини кои на места достигнуваат стрмнина и до 96 степени, без никаква помош на нозе.
Неодамна, Жу успеал да го „освои“ и преминот Џианмен, кој се смета за еден од најопасните планински патишта во Кина. Погледнете како се одвивало ова искачување.