Крцкавите кругчиња освен тоа што се вкусни, изгледаат многу интересно за послужување.
Состојки, за 30 колачиња
200 г. брашно
лажичка прашок за пециво
100 г. шеќер
јајце
100 г. путер
20 г. какао во прав
лажица ликер
рендана кора од портокал
Подготовка:
Во посеаното брашно измешајте од прашокот за пециво, додадете шеќер, парче путер и јајце. Брзо замесете глатко тесто и поделете го на два дела.
Во едната половина ставете какао, рендана кора од портокал и ликер. Тестото одставете го во ладилник да се олади 30 минути.
Од темното тесто направете ролат со дијаметар од 2, 5 см.
Чоколадниот ролат замотајте го со светлото тесто, оладете го 30 минути, исечете на кришки со дебелина од половина сантиметар, наредете во тепсија обложена со хартија за печење и печете во рерна загреана на 175 степени околу 15 минути.
Оладете ги кругчињата, посипете ги со шеќер во прав или украсете ги со сушено овошје.