Ако немате време да правите колачиња, овој рецепт е за вас. Ќе ви бидат потребни вкупно 10 минути да ги подготвите овие топчиња со чоколадо и рум. Можат да стојат во ладилникот со денови, а нивниот вкус да биде се подобар.
Состојки:
2 јајца
300 грама мелени бисквити
шишенце рум
100 грама суво грозје
200 грама мелени ореви
200 грама чоколадо
две лажици зејтин.
За декорација: 100 грама бела или млечна чоколада (по желба).
Подготовка: Помешајте ги јајцата со мелените ореви, румот, мелените бисквити и сувото грозје, па од оваа маса обликувајте топчиња. Во тенџере сипете две лажици зејтин, додадете чоколадо и кога ќе се растопи, со лажица спуштете ги топчињата и тркалајте ги во чоколадото.
Редете ги на влажен послужавник, а кога ќе се стегне чоколадото, украсете ги топчињата со растопеното бело или млечно чоколадо.