Доволно е да го прочитате составот и веднаш сфаќате дека ова се одлични и неодоливи „Фереро“ колачиња. И најдобро од сé, се прават за 5 минути, во само пар потези.
Потребните состојки:
• 400 гр наполитанки
• 200 гр еурокрем
• 2 темни чоколади
• малку мелени кикирики
Подготовка:
Наполитанките ситно ги дробите со рака. Еурокремот и чоколадото ги топите заедно на пареа.
Наполитанките се додаваат во смесата со еурокрем и чоколадо, по што се ставаат и кикириките.
Ја месите смесата во топчиња, и потоа ги оставате да се стегнат во фрижидер.
Вие во меѓувреме можете да се вратите и, со оглед дека денес траат по 10 минути, да ги догледате рекламите, или да се премислите и да направите уште една тура колачи додека да завршат. 🙂