„Чиа семето е супер продукт со растително потекло кое е богато со омега 3 и омега 6 масни киселини, белковини и прехрамбени влакна. Во здравата исхрана има место и’ за вкусен пудинг, а особено ако го правиме со додавање на квалитетни продукти како чиа семките, овошје и какао во прав.
Со чиа семките секоја течност е возможно да се претвори во вкусен пудинг. Станува збор за супер продукт со растително потекло кое е богато со омега 3 и омега 6 масни киселини, белковини и прехрамбени влакна.
Конзумирањето на овој продукт го намалува нивото на лош холестерол во крвта, го поттикнува варењето и осигурува ситост подолго време. Всушност, токму поради тоа се наметнува како одличен сојузник во исхраната на лицата кои сакаат здраво да ослабнат, или да ја одржуваат својата тежина.
Ако се помешаат здрави извори на шеќер како банана или урми, и органско какао, се претвора во вкусен појадок, ужина или десерт.
Состојки за пудинг од чиа семки (за 2 лица):
150 мл млеко од јаткасти плодови по желба
2 лажици чиа семки
2 лажици сирово какао во прав
2 зрели банани
1/4 лажичка екстракт од ванила (по желба)
Подготовка:чиа семките ставете ги во млекото и оставете да набабруваат околу 20. минути. Можете да употребите и млеко од ориз или кокос или други вода.
Кога чиа семките ќе набабрат префрлете ги во блендер, измешајте со бананите, какаото и ванилата. Миксајте додека не добиете мазна смеса.
Пудингот ќе биде посладок ако користите зрели банани полни со шеќер, наместо банани можете да измиксирате и парчиња урми или некое друго овошје по желба.
Пудингот украсете го со јаткасти плодови по желба.
Пудингот ќе има подобар вкус ако го изладите во фрижидер, па потоа да го конзумирате.