Волшебна комбинација од вкусови.
Состојки:
6 јајца
140 г. шеќер
70 г. мелени ореви
50 г. мелени бисквити
50 г. путер
кесичка прашок за пециво
250 г. вишни (без семки)
2,5 дл. слатка павлака
лажица какао
2 лажички ванилин шеќер
сок од пола лимон
5 мл. рум
Подготовка
1. Добро изматете ги жочките со шеќерот, а потоа додадете чоколадо, ореви, какао и бисквити. Соединете, па измешајте во стопен путер, ванила, рум, сок од лимон и прашок за пециво.
2. Посебно изматете ги белките во цврст снег и лесно соединете ги со масата од жолчки.
3. Добиената смеса сипете ја подмачкана тепсија, а одозгора посипете ги вишните. Печете го колачот на 180 степени околу 45 минути.
4. Готовиот колач посипете го со шеќер во прав и по желба послужете го со слатка павлака и прелејте го со стопено чоколадо. Нема да погрешите и доколку ги послужите со сок од вишни.