По ручекот секому добро му доаѓа да изеде нешто благо. Зошто тоа да не биде чоколаден италијански колач? За негова подготовка не ви се потребни многу време, но и пари.
Состојки: 200г чоколада, 250г путер, 6 јајца, 1 лажица лимонов сок, 100г шеќер, 1 ванилин шеќер, 2 лажици шеќер во прав
Подготовка: Путерот и чоколадото стопете ги на пареа. Сматете ги жолчките заедно со шеќерот и ванилиниот шеќер. Во белките додајте го лимоновиот сок, па составете ја чоколадната смеса и жолчките. Смесата печете ја околу 45 минути на 170 степени во округла тепсија премачкана со путер или маргарин и малку брашно.
Печениот колач наросете го со шеќер во прав. Исечете го колачот и послужете.
Добар апетит!