Чоко-коцки со јаболка (РЕЦЕПТ)

СОСТОЈКИ:

3 рендани јаболка

2/3 шолја шеќер

1 прашок за печиво

100 гр посно чоколадо

1 шолја гриз

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Ренданите јаболки се ставаат во сад со шеќерот, гризот и прашокот за пециво. Се мешаат и откако добро ќе се соединат, смесата се остава да отстои 2 часа.

Плехот за печење се обложува со хартија, се става смесата на хартијата и се пече 15 до 20 минути во загреана рерна на 180 степени.

Чоколадото растопете го со малку маргарин и се прелева колачот кога ќе се извади од рерна.

Исечете го на коцки и послужете. Можете одозгора да додадете и кокос.

- Реклама -