„Chi“ објавија фотографии од бремената Кејт во бикини

tumblr_mi4kfi3aFC1qb4kfco1_500

Италијанскиот магазин „Chi“, со својата насловна страна го разбесни кралското семејство поради фотографиите на кои принцезата Кејт за прв пат го покажала своето трудничко стомаче. Имено на фотографиите се гледаат Кејт и Вилијам во бикини во текот на одморот на островот Мастик.

313532_chi_ff

Принцезата е сега во четвртиот месец од нејзината бременост и нејзиниот стомак веќе почнува да се забележува, што не избегало од будното око на италијанскиот папараци-фотограф.

После објавувањето на овие слики, извори од палатата велат дека Кејт се чувствувала ужасно, особено зошто овој магазин летово објави и нејзини топлес фотографии за време на одморот во Франција.

Инаку, магазинот „Chi“ е на црната иста на британското кралско семејство бидејќи уште многу одамна тие објавија фотографии на кои се гледа мртвото тело на принцезата Дајана, веднаш после несреќата во 1996-та, во која таа погина во Париз.

- Реклама -