Понекогаш едноставните иновации можат да променат милиони животи. Тоа е успехот и кај „чевлите што растат“, креирани од страна на Кентон Ли.
Тој ја добил оваа идеја сакајќи да им помогне на децата од сиромашните подрачја, кои немаат можност да си дозволуваат секоја година нови обувки, па така можат да ги користат овие магични чевли во текот на пет последователни години.
„Постојат над 300 милиони деца кои немаат чевли, а бројката на оние кои носат помал број е далеку повиска,“ вели Кентон.
Ние го прогласуваме за најинспиративната личност на месецот.