Во 1958 година, Дизни сними документарец насловен Four Artists Paint 1 Tree („4 уметници сликаат 1 дрво“). Како што кажува самиот наслов, се работи за четворица уметници од Дизни, кои работат на еден ист проект – сликање на дрво. Притоа, јасно излегуваат на виделина нивните сопствени видувања, карактеристики, личности.
Во документарецот, секој од нив ја објаснува својата интерпретација, и сите се различни. Walt Peregoy на дрвото гледа како на инженерско чудо, Josh Meador има повеќе спиритуален пристап, Eyvind Earle се фокусира на стеблото, а Marc Davis го гледа како вечно возвишување…