3. Парламентарец плати за поместување на „Елфски камен“ од 30 тона
Поранешниот член на исландскиот парламент – Арни Џонсен, во 2010 возел по еден отсечен пат во југозападен Исланд, кога поради подмрзнатоста на патот изгубил контрола врз џипот и излетал во провалија. Се тумбал околу 40 метри и мислел дека ќе загине, но џипот конечно се запрел на еден 30-тонски камен. Џипот бил комплетно уништен, но Џонсен поминал без поголеми повреди – за што му благодари на каменот, или поточно, на елфовите што живееле во него.
Три години подоцна, беше планирано да се гради пат преку каменот. Џонсен беше решен да не го дозволи тоа, па побара консултација од Јонсдотир (експертката за елфови што веќе ја споменавме), со која заедно го посетиле местото. „Таа рече дека е неверојатно и дека никогаш претходно не видела три генерации на елфови да живеат во еден ист камен“, изјави Џонсен за Icelandic Review.
Тој ја прашал Јонсдотир дали елфовите би биле задоволни со тоа да биде преместен каменот, а оваа му одговорила дека тоа ќе го сторат под два услова: 1. каменот да биде преместен некаде на трева, за да можат елфовите да чуваат овци и 2. „прозорската“ страна на каменот да гледа накај океанот. Паднал договор и наскоро Џонсен среди да биде преместен – сите 30 тона – на локација близу до неговиот дом, со ферибот.
Никогаш не обелодени колку го чинело да го премести каменот, ама ете, неговата верба била дотолку голема што сметал дека преместување на 30 тона камен е добра зделка.