2. Големиот автопат што беше одложуван со декади
Една карпа познатака како Álfhóll (во буквален превод „рид на елфовите“) предизвика еден од најголемите застои во изградбата на патишта во Исланд и многу проблеми за градежниците и исландските влади.
Елфхил (така ќе ја викаме карпата во продолжение) е лоциран јужно од Рејкјавик, во Копавогур. Копавогур е град со втора најголема популација во земјата. Во 1930-тите, многу пред областа да има релативно голема популација, владата се обидуваше да ги поврзе овие два града, ама Елфхил беше тука за да се погрижи дека тоа нема да се случи.
Нартц планот за патот беше изготвен и предвидуваше да поминува токму низ џиновската карпа и нормално, тоа беше работа на компанијата што го градеше патот. Арно ама, карпата се покажа како претешка за справување, а паричните фондови на компанијата пресушија, по што планот беше напуштен.
Втор обид имаше една декада подоцна. Повторно, опремата постојано доживуваше дефекти, имаше голем трошок, а изградбата на патот повторно беше откажана.
Во 1980-тите, патот сé уште беше некомплетиран. Се појавија обновени планоци за изградба, со кои се предвидуваше тотално порамнување на Елфхил. Сепак, кога градежната компанија се зафати со работа, нештата пак почнаа да стануваат чудни. Работниците, било да веруваа во елфови или не, одбиваа да се приближат до карпата. Локалните ТВ медиуми пробаа да известуваат за приказната, ама тврдеа дека камерите престануваат да работат секогаш кога се насочени кој карпата. Медиумското внимание растеше, а со тоа и „поддршката за карпата“. Во тоа време, секој обид на медиумите да дознаат нешто повеќе за состојбата преку контакт со одделот за изградба на патишта и патната и крајбрежната администрација на Исланд, резултираше со краток автоматизиран одговор:
„Нема да одговориме на прашањето дали вработените на нашата администрација веруваат или не веруваат во елфови и ‘скриени луѓе’, бидејќи помеѓу луѓето постојат различни мислења на темата и се ствар на лична работа“. Во друг дел од одговорот стоеше: „проблемите беа решени со одложување на проектот за конструкција, така што да можат елфовите, некогаш, да си заминат“.
Кога патот меѓу Копавогур и Рејкјавик конечно беше изграден, во целост го заобиколуваше Елфхил, оставајќи го недопрен.