Четири салати со варени јајца

Варените јајца се подготвуваат многу едноставно, а доколку очекувате гости од нив можете да подготвите салати, во чии што вкус гарантирано ќе уживате.

Да ги погледнеме овие пет идеи за вкусни салати со варени јајца.

Пилешка салата

Состојки:

170 гр зелена салата, 100 гр бело грозје, 300 гр сварено бело месо, 2 тврдо варени јајца

За прелив:

2 чаши јогурт, една лажичка сенф, половина лажичка растително масло, 2 лажички мајонез

Подготовка:

Јогуртот, сенфот и растителното масло добро се мешаат. Измиените листови од зелена салата се редат на плитка чинија. Врз нив се става исечкано бело месо и крукчиња од варените јајца, а врз нив се расфрлаат на пола пресечени зрнца од бело грозје. На крај се прелеваат со спремениот сос. Оваа салата се служи исклучиво ладна.

6-recepti-so-vareni-jajca-5

Ница салата

Состојки:

1 варено јајце, 1 домат, 1 краставица, 1 пиперка, туна конзерва, неколку црни маслинки, 1 кромитче, китка зелена салата, малку маслиново масло, сок од лимон, сол, бибер

Подготовка:

Јајцето и доматот ги сечеме на парчиња, краставицата на коцки, пиперката на ленти, а кромидот на крукчиња. Зелената салата се расцепкува на помали делови. Измешајте го зеленчукот, зачинете со маслиново масло, сок од лимон, малку бибер и додајте ги маслинките.

Прочитајте и:  Колку јајца можете да јадете на ден ако имате висок холестерол?

6-recepti-so-vareni-jajca-2

Француска салата

Состојки:

300 гр рокфорт сирење, 2 јајца, 3 домати, 3 лажици грашок, 3 главчиња кромид, 4 лажици тартар сос, 4 лажици павлака, лажица сок од лимон, лажица јогурт

Подготовка:

Сирењето и тврдо варените јајца се сечат на коцки, па им се додаваат сечканите домати, грашокот и кромитчето. Се меша тартар сосот, павлаката, сокот од лимон и јогуртот и со тоа се прелева салтата. Пред да ја послужите оставете ја во фрижидер да се олади.

6-recepti-so-vareni-jajca-1

Салата со варени јајца и шунка

Состојки:

3 варени јајца, 250 гр варена шунка, 1 рендан морков, 100 гр варени макарони, прелив од мајонез, павлака и сенф, сол и бибер

Подготовка:

Белката од јајцата се сечка на коцки, а жолчката испасирајте ја и измешајте ја со ситните парчиња варена шунка. Додајте ги варените макарони, па сето тоа зачинете го со прелив од мајонез, павлака и сенф.

Зачинете по желба со сол и бибер, посипете со рендан морков, украсете со босилек, магданос или крукчиња јајца.

6-recepti-so-vareni-jajca-3

- Реклама -