Поминувате години во потрага по идеја, собирате информации, зголемувате хипотези, но сликата сепак не е завршена … тогаш потсвеста го додава последниот генијален допир.
1. Периодниот систем
Менделеев го знаел сето она што било познато за откриените во негово време 63 елементи. Тој ги запишал на карти имињата и атомските тежини со надеж дека ќе открие шема за нивно уредување. Но, колку и да се мачел, не успеал.
Велат дека работел три дена без прекин, додека конечно, веќе победен од заморот, ги скопил очите. Наместо да помине ден и половина во сон, како и повеќето жртви на ненаспаност, тој отскокнал само по неколку минути.
„Видов насон табела во која елементите одговараат на местата според сите барањата – го опишува искуството научникот.
„ Штом се разбудив, веднаш запишав на хартија. Само на едно место подоцна требаше да направам корекција.”
2. Yesterday
Пол Макартни на 22, кога се буди „со пријатна мелодија во главата“ и се прашува која е оваа песна. Брзо ја фаќа мелодијата на пијаното, но и понатаму е сигурен дека некогаш не ја слушнал. Им ја свирел на најразлични луѓе додека конечно не се убедил дека ја измислил сам.
3. Чудовиштето на Франкенштајн
Во летото 1816 година, Мери Волстенкрафт Шели и сопругот Перси Биш Шели го посетуваат поетот Лорд Бајрон во неговата вила на брегот на Женевското Езеро. Заедно тие решаваат да направат литературна трка. Некое време Мери нема идеја, додека не се буди потресена од ужасен кошмар – „човек кој лежи исправено и постепено покажува знаци на живот и чекори со безживотни движења”. Таа брзо решава: „Она што ме ужаси мене, ќе ги ужаси и другите” – треба само да го опишам кошмарот.
4. Иглата на машина за шиење
Елиас Хоу, креаторот на модерната машина за шиење, се чудел како ја натера иглата на неговиот нов изум да работи. Конецот не можел да се нишка во основата, како кај рачната игла, а тоа изгледало како единствениот можен начин.
Една ноќ тој сонувал дека е заробен од човекојадци, кои му даваат рок едно деноноќие да ја заврши машината. Тој не можел да ја натера иглата да работи и се помирил со несреќната судбина. И тогаш – додека го воделе кон местото на егзекуцијата – забележал дека копјата на воините се продупчени на врвот. „Дајте ми уште време“ извикал тој и се разбудил. Било 4 часот наутро. Во 9 часот, моделот на иглата со уво на врвот веќе бил подготвен.