На 15.11.2024 во 21.00 часот на улица ,,Кочо Зози” во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар привеле С.Д.(18), А.Ф.Б.(21), А.Е.З.(19) и Б.Р.(22), сите четири од Република Турција затоа што при извршена проверка било констатирано дека непријавено престојувале во државата. Тие се задржени во полициска станица за понатамошна постапка, извести СВР Тетово.