На најдобриот филмски фестивал во Европа, Канскиот филмски фестивал, Европа ќе има можност да види четири филмови од нашата земја.
Имено, преку македонската Агенција за филм ќе бидат прикажани филмовите: „Медена ноќ” на Иво Трајков (19 мај), „Три дена во септември” на Даријан Пејовски (19 мај), „Шишка Де Лукс” во режија на Јан Цвитковиќ (19 мај) и „Жената на мојот живот” на Антониј Дончев (18. мај).
Претставувањето во Кан (по шести пат) е во склоп на павилјонот на земјите од Југоисточна Европа (SEE Pavilion).
Еден од филмовите „Медена ноќ“, можете да го погледнете и на репертоарот на Кино Милениум, од 17.30 часот.