„Почитувани, ви го честитаме Илинден – празникот со големо значење за историјата на македонскиот народ! Денеска заедно со вас со полагање цвеќе на Мечкин Камен, во Пелинце и во Скопје им оддаваме почит на македонските борци за слобода! Честит Илинден!“, пишуваат денеска од Амбасадата на Русија на Фејсбук.
Честитка на Фејсбук добивме и од Амбасадата на САД:
„Среќна 116-та годишнина од Илинденското востание! #Илинден1903 #АСНОМ1944“, напишаа оттаму.
Притоа, истакнаа, заменик-шефот на американската мисија во Скопје – Џ.Р. Литлџон, му се придружи на премиерот Зоран Заев и другите официјални претставници и дипломати на прославата на Илинден во Крушево. Американската амбасада сподели и фотографии од официјалната церемонија во организација на Владата на Република Северна Македонија.