Честитки од Амбасадите на САД и Русија по повод Денот на независноста

„Среќен Ден на независноста, пријатели!“, напиша американската амбасадорка во земјава – Кејт Мери Брнс на Твитер.

„Почестена сум што сум дел од оваа извонредна американско-македонска приказна на пријателство и партнерство! Радо очекувам да продолжам да работам со вас како НАТО сојузници и да ги поддржувам вашите ЕУ аспирации и вашата визија за подобро утре!“, пишува амбасадорката.

Честитка по повод независноста упати и Руската амбасада:

„Пред 29 години граѓаните на Република Македонија донесоа историска одлука и гласаа за самостојност на својата држава. Честит и вековит нека е Денот на независноста!“, напиша амбасадата на својот Твитер профил.

- Реклама -