Почесниот конзул на Малта во Северна Македонија, проф. д-р Кочо Анѓушев, го честита Денот на независноста на Малта, со желби за социјална и економска благосостојба на народот на Малта, како и продолжување на демократскиот придонес на државата во рамките на Европската Унија.
Почесниот конзулат на Малта, отворен во Скопје во 2021г, е показател за посветеноста на двете земји за проширување на соработката, поврзување на македонските и малтешките компании и пазари, и обезбедување поддршка и сервис за граѓаните.
Малта е една од најпросперитетните економии во Европа и е членка на Европската унија од 2004г.
Годинава Малта одбележува 58 години независност, стекната од Обединетото Кралство во 1964 година.
* Комерцијален текст