Честитка од Министерството за правда по повод 20 Ноември – Светскиот ден на детето: Да ги направиме децата среќни секој ден

Министерството за правда го честита 20 Ноември – Светски ден на детето.

„На Светскиот ден на детето, сите заедно да направиме можности и простор, децата и младите да го кренат својот глас за прашањата што им се важни.

Оваа година се одбележува 30 годишнината од ратификацијата на Конвенцијата за правата на детето од страна на Република Северна македонија и 30–годишнина од работата на УНИСЕФ во земјата.

Со давањето приоритет на правата и учеството на децата, можеме да помогнеме да се изгради подобра иднина за сите“, се вели во честитката.

Детските права се човекови права, но, на многу места денес, правата на децата се на удар, посочуваат од Министерството за правда.

„Целта на одбележувањето на Свесткиот ден на детето е да се сврти вниманието на широката јавност на сите обврски кои општеството ги има кон децата, како и најважните проблеми со кои децата се соочуваат.

Не е наша работа да ги зајакнуваме децата да се соочат со суров и бездушен свет. Наша работа е да ги воспитаме децата да го направат светот помалку суров и бездушен.

Да ги направиме децата среќни секој ден!

#ЗаСекоеДете #СекоеПраво #УНИЦЕФ“, порачуваат од МП.

- Реклама -