Честитка и од Груби: Независноста, Охридскиот, Преспанскиот и Договорот за добрососедство се темелите на државата

Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците – Артан Груби, им го честита на граѓаните 8 Септември – Денот на независноста.

„Последните 30 години нѐ научија дека кога заедно ја градиме иднината, врз основа на меѓусебното почитување и рамноправност, прегрнувајќи ги вредностите, разликите и диверзитетот како можност а не како пречка, воспоставување на транспарентен и искрен дијалог, ништо не е невозможно.

Албанците беа и сите се за независност, врз основа на темелите на референдумот, Декларацијата за независност и Охридскиот рамковен договор го избравме дијалогот, рамноправноста и соживотот, но и пријателството со соседите и го определивме нашиот пат кон НАТО и Европската Унија“, истакнува Груби во честитката.

Затоа, Договорот за добрососедство и Преспанскиот договор, посочува тој, се неразделен дел од мозаикот кој нѐ направи членка и доверлив партнер на НАТО.

„Овие важни моменти на оваа 30 годишнина – како независноста, Охридскиот, Преспанскиот и Договорот за добрососедство, се темелите на државата. Заедно сме навистина посилни. Честитки до сите наши граѓани за овој наш јубилеен 30-годишен повод од нашата државност“, потенцира Груби во честитката.

- Реклама -