Честитка од Агелер за изборот на новата Влада: Со нетрпение очекуваме да го продолжиме нашето партнерство

Амбасадорката на Соединетите Американски Држави во земјава Анџела Агелер денеска на нејзиниот профил на платформата „Х“ го честиташе изборот на новата Влада.

-Честитки за формирањето на новата влада. Додека премиерот и неговиот кабинет ја преземаат функцијата, со нетрпение очекуваме да го продолжиме нашето партнерство во зајакнувањето на владеењето на правото, подобрувањето на економијата, енергетиката и развојот на инфраструктурата, социјалните структури и придвижувањето на земјата напред на нејзиниот евроатлантски пат, стои во честитката од Агелер.

Прочитајте и:  Влада: Укинат заклучок од техничката Влада за делницата Гостивар-Букојачани со фискални импликации од над 252 милиони евра
- Реклама -