Чешки медиуми: Пукање на универзитет во Прага, најмалку 11 мртви и над 20 повредени

Единаесет лица загинаа, меѓу кои и напаѓачот, деветмина се тешко повредени, пет до шест лица се со умерено тешки повреди, а десет лица се полесно повредени. Бројките сепак може да се променат“, објавија спасувачките служби во Прага по денешното пукање на Карловиот универзитет.

Заследете нѐ на Телеграм

Целиот плоштад Јан Палах и околината е целосно затворен“, соопшти полицијата на мрежата Х во 15 часот и 17 минути. Според портпаролката на факултетот Тереза Маркова, на персоналот и на студентите им е наложено да се затворат во канцелариите и училниците. Таа немаше подетални информации, дури ни за бројот на студенти и вработени кои требало да бидат таму.
Според изјавите на сведоците на социјалните мрежи, пукотници се слушале и надвор и внатре во зградата. Стрелецот се движел на четврти кат и на покривот. Некои луѓе се качиле на прозорците и се држеа за праговите, други избегаа на покривот, други се забарикадираа.
„Напаѓачот е мртов, чекам да ме евакуираат. Се молам да сум жив. Ја заклучив вратата пред напаѓачот да се обиде да ја отвори“, твитна еден корисник, додавајќи слика од забарикадирана врата.
Градските власти информираат дека на местото на настанот се наоѓаат и психолози кои веднаш можат да укажат помош на засегнатите.

„МИНУТИ ЗА СЕКОГО“| МАКИТЕ НА ЛИЦАТА СО ПОПРЕЧЕНОСТ |Гостинка:Благица Димитровска

Извор