Чешката полиција соопшти дека напаѓачот на универзитетот во Прага е 24-годишниот студент Давид Козак.
Претходно денеска по него полицијата распишала потерница поради сомнение дека утринава го убил својот татко во селото Кладенско. Потоа стана јасно дека бараниот е тој што попладнево уби десет лица на Филозофскиот факултет во Прага, по што и тој беше убиен.
Козак бил студент на Филозофскиот факултет и постои сомневање дека по убиството на својот татко тргнал во крвавиот поход каде уби најмалку 10 и рани најмалку 24 лица во близина на факултетот.