Ако се плашите од височини, ова место ќе биде голем предизвик за вас. Во одморалиштето кое се наоѓа под еден од најпознатите врвови во Европа – Монблан, може да одите по стакло кое виси во воздух.
Самата стаклена тераса се наоѓа на височина од 1 035 метри над земјата, а конструкцијата била градена 3 години.
Ова е највисоката таква атракција во Европа и ја нарекуваат „чекор во бездната”. Стаклената тераса е направена од цврсто стакло и нема опасност да паднете. Се разбира, додека гледате надолу можеби и нема да уживате.
За да стигнете до терасата, треба да промените два лифта. Надоместокот е 55 евра, а еве што ве чека таму: