До сега сме виделе примери на објекти кои висат во воздух со помош на квантна левитација и акустична левитација.
Но, тим од тројца јапонски инженери од Универзитетот во Токио и Нагоја Институтот за Технологија од неодамна претстави амбициозен уред кој користи звучни бранови за да движат предмети преку три димензионален простор.
Машината користи четири низи на звучници за да направат звучни бранови кои се сечат во фокусираната точка која може да биде преместена нагоре, надолу, лево и десно користејќи надворешни контроли. Ќе помислите дека ваква машина би била премногу гласна, но според еден од инженерите уредот користи ултрасонични звучници и е речиси целосно бесшумна.
Како изгледа тоа можете да видите подолу во приложеното видео.