Чекор назад со Хали Бери

Целосното име на американската актерка е Хали Мариа Бери. Родена е  на 1 август 1966 година во Охајо, САД.

Многумина ја препознаваат по титулата прва црна актерка во историјата на кинематографијата која е добитничка на престижниот Оскар за главна улога (2002 година).

Освен тоа Хали Бери е добитничка на Златен глобус (2000) и наградата Еми (2000).

Една од најплатените холивудски актерки е позната по улогите во „Умри друг ден“, „Свадба“, „Жена на богат маж“, „Роботи“, „Готика“, „Жена – мачка“ итн.

За нејзиниот приватен живот жолтиот печат пишуваше за двата брака и посвојувањето на деца. Во 2008 година стана мајка на ќеркичка која ја нарече Нала Ариела Обри.

&nbsp

- Реклама -