Чекањето на „Табановце“ е поради црвено ниво на безбедносен ризик за тероризам во Србија

Од МВР информираат дека граничните полиции на двете држави се во постојана комуникација со цел брз и непречен проток на патници и возила и соодветна контрола поради новонастаната состојба

Зголеменото чекање на Граничниот премин „Табановце“ за влез и излез од земјава е поради прогласено црвено ниво на безбедносен ризик за тероризам во Република Србија, информира Министерството за внатрешни работи.

„Граничните полиции на двете држави се во постојана комуникација со цел овозможување брз и непречен проток на патници и возила, но и соодветна контрола поради новонастаната состојба“,

велат од МВР.

За влез и излез од земјава вчера на „Табановце“ се чекаше околу два часа.

- Реклама -