Зенит го промовираше новиот El Primero Chronomaster 1969, во чест на Ролинг Стоунс.
Објавувањето се одржа на први јуни оваа година по повод концертот на Ролинг Стоунс на стадионот Letziground во Цирих.
Часовникот има 42мм не’рѓосувачки челик, два хронографски бројачи, еден од 30 минути кој се наоѓа кај бројот 3 на часовникот, а другиот мери 12 часа и се наоѓа кај бројот 6. Препознатливото лого на Ролинг Стоунс- „јазик и усна“ се наоѓа кај 12-часовниот хронограф.